Откако беа предочени сите познати и непознати факти во случајот со новата песна „Еуфорија“ на Слаткаристика во која Богдан Илиевски Бетмен го прогласи за “цинкарош кој браќата ги пикнал во затвор“, рапер поетот не издржа на критиките, па реши и самиот да се огласи… За да се спаси од натамошниот притисок. До душа огласувањето во еден локален портал од Делчево и не ќе добиеше некој одек доколку претходно прозваниот Бетмен не го споделеше на својот Фејсбук профил, за да покаже дека има работа со…
Слаткар во напишаното пробал да се извади за претходно кажаното или поточно одрапуваното во неговата „Еуфорија“, вртејќи ја приказната кон сосема поинаква сторија, која нема многу логика, со целата историја на настаните заради кои и самиот се најде „во небрано“.
Обидот да ги извлече од конекст „обвинувањата“ некако бледуњави и неубедливи, особено во неговиот исказ дека не би да се меше во политика, од чие мешање всушност и се заплетка во оваа „стара пајажина“… Според многумина, политика која своевремено била добро наплатена… Со дури 20 бона за „Отвореното писмо“, од кое сега се плаши „глава да не му отворат“ откако другите ги чепна за истото одново да прозборат. Од Богдан Илиевски, преку Здруженијата на егејските деца бегалци, до браќата пикнати в затвор за 27 април… и уште многумина на кои судбината на татковината им е помила од „платеничките пари“ за сончање во Дубаи!
На реакција на Слаткаристика за „бегство од стварноста“ регираше и Богдан Илиевски во своето вечерно шоу! Не заради тоа што „шоуто мора да продолжи“, туку заради тоа што вистината мора да победи. За никогаш повеќе да нема нови „отворени писма“ запечатени со нашата судбина зад затворени врати за дебели пари!