Радио Милева поинакви приоритети

Слаѓа Делибашиќ некогаш уживаше слава, а денес работи како келнерка и живее под кирија (фото)

Слаѓа Делибашиќ некогаш уживаше слава, а денес работи како келнерка и живее под кирија (фото)

Слаѓа Делибашиќ се повлече од музичката  сцена и целосно се посвети на приватниот бизнис.

Покрај тоа што има своја градинка, пејачката неодамна почна да работи и како келнерка во кафулето на нејзината помала ќерка Маринела.

– Охх, сега седав ако ми веруваш. Работа има колку сакаш. Работам, зошто да не! Тоа е местото на мојата ќерка и јас сум многу среќна што ќе и помогнам. Тука работам до еден попладне, потоа одам во градинка и продолжувам со работа таму. На почетокот луѓето беа во неверување, па изненадени ме прашуваа дали сум Слаѓа Ѓогани. Прво велам дека не сум, но бидејќи комуницирам со нив, гласот ме оддава, па не можам долго да ги лажам. Еве те поканувам да дојдеш да те послужам и да ти направам кафе – рече Слаѓа.

Пејачката во деведесетите беше доста популарна со нејзиниот поранешен сопруг Џоле Ѓогани, со кој беше дел од групата „Ѓогани“.

Покрај тоа, по разводот решила да го промени својот живот од корен, па една куќа и префрлила на првата ќерка Силвија, друга куќа на втората ќерка Маринела, а од најголемата трета куќа направила градинка.

-Јас сум подстанар, не живеам овде, една ќерка е во зградава, а друга во другата. Конфликт на  генерација и тогаш подобро да имам свој мир. Сега плаќам по 600 евра месечно за стан, цените се многу покачени – изјавила пејачката, пренесува Курир.рс

фото:Instagram printscreen/ sladjadelibasic

To top