Пејачката Северина Вучковиќ се најде во центарот на скандалите кога во јавноста излезе нејзината преписка со фудбалерот и сопруг на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ .
Целиот регион со денови зборува за неговиот неуспешен обид да ја заведе, а Северина не престанува да го провоцира.
Имено, Вучковиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави видео под кое се редат коментари, а во одговорите ги употреби истите реченици од преписката со Тошиќ.
Да потсетиме, Душко Тошиќ изјави дека ја контактирал Северина за да пее на јахтата што неодамна ја купи во Турција.
Според него, блиски пријатели му сугерирале дека најдобро би било да ја ангажираат Севе да пее на нивната забава.
Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да прославам, а моите пријатели предложија Северина да ни пее. Па, тоа е причината за мојот контакт“, изјави Тошиќ.
фото: printskrin/instagram/severina