Радио Милева повреден

Синот на позната двојка доживеа тешка сообраќајна несреќа и итно е префрлен во болница (фото)

Синот на позната двојка доживеа тешка сообраќајна несреќа и итно е префрлен во болница (фото)

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит е повреден во тешка сообраќајна несреќа и итно е хоспитализиран.

Според медиумите, Пакс (20) бил на својот електричен мотор кога удрил во автомобилот.

Несреќата се случила во Лос Анџелес.

Според извештаите, Пакс не носел заштитен шлем во моментот на судирот и се пожалил на главоболка.

Како што соопшти полицијата за ТМЗ, несреќата се случила околу 17 часот на раскрсницата на две екстремно фреквентни улици.

Пакс удрил во багажник кој бил запрен на семафор. Возачот на автомобилот веднаш излегол од возилото за да види што се случило со Пакс, а набрзо на местото на несреќата пристигнала полицијата и екипите на итната помош. Очевидци наведуваат дека Пакс се пожалил на болки во колкот и повреди на главата, поради што итно бил префрлен во болница.

Се стравуваше дека Пакс има мозочно крварење, но синот на познатата холивудска двојка сега е стабилен.

фото: printscreen/instagram

 

To top