Се сврши Наско Џорлев, постариот синот на легендарниот македонски виолинист и професор, покојниот Зоран Џорлев кој почина на 53-годишна возраст како последица од Ковид-19 во време на пандемијата.
Младиот пејач и музичар ја побара раката на својата девојка Екатерина Пишмирова во градот на светлината. Џорлев објави колаж од неколку фотографии од Париз, а честитките не престануваат…
Џорлев убавата вест ја обзнани со објава на колаж од неколку фотографии од Париз на својот Фејсбук профил, каде под блескавите светилки на Ајфеловата кула ја побара раката на својата сакана Ина, која пак гордо се пофали и го покажа свршеничкиот прстен на својата рака.
И додека честитките се редат, Наско и Ина споделија неколку фотографии, гушнати, среќни и насмеани, еден на друг во љубовни прегратки. Се разбира овој чин на среќа не минува ниту без бакнеж и тоа оној најљубовниот во најљубовниот град на светот!
Инаку Наско е исто така музичар и пејач како и неговит татко, и дедо легендата на македонската фолк музика Наско Џорлев, по кого Наско јуниор и го добил името.
Среќата сега го облеа по големата семејна трагедија пред 4 години кога на првиот ден по Нова Година прерано почина неговиот татко Зоран Џорлев!
Ден потоа Наско ја објави последната заедничка фотографија на семајството со татко му покрај која стогаш подели:
-За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден!
Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден Дедо Мраз како поклонче за Нова година. Последниот здив го има испуштено држејќи ја.
Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро… Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“ – напиша тогаш Наско Џорлев.
По стапките на својот славен татко, кој за жал прерано го напушти овој свет, тргна и помалиот син Мартин кој е актуелен на алтернативната музичка сцена.
На младиот Наско и неговата идна сопруга Ина им посакуваме да се вечни, среќни и многудетни.
Фото: Фејсбук/Nasko Djorlev