Радио Милева тој е музиката на нивната душа

Синчето на Антониа Гиговска од мали нозе покажа на кого повлекол, а неговата омилена играчка е доказ за тоа (фото)

Синчето на Антониа Гиговска од мали нозе покажа на кого повлекол, а неговата омилена играчка е доказ за тоа (фото)

Пејачката Антониа Гиговска и музичарот Робер Спасенцоски пред година и осум месеци се остварија како родители на своето  прво синче кое го носи името Киан. Оттогаш, Киан е центарот на нивниот свет и музиката на нивната душа.

Антониа не ретко знае да изјави дека мајчинството ја променило доста, но кога е приватноста и родителството во прашање Антотниа се опушти да споделува моменти со наследникот и да го покаже дури за неговиот роденден кој беше во месец јули.

Мама Тониа во неколку наврари се претстави себе си, па и Киан во едно поинакво светло, природно и опуштено во домашно издание и тоа не било каково туку додека пеат заедно или барем се обидуваат да направат дует. Тогаш, малку по малку, ден за ден, таа горда почна да најавува дека Киан е мамино синче кога се во прашање интересите, барем оние што му се сега, од детската перцепција и љубопитство.

Па така, додека мама ги вежба гласните жици и учи некоја песна, Киан веројатно веќе навикнат редовно пред себе да го гледа истото, тој почна да ја имитира мама.

Очигледно неговата омилена играчка е миркофон, а домашните концерти му се главна игра да се покажува што научил и што сака.

Вака или така, музичките гнени секако ги има и од мама и од тато, е сега дали ќе биде на едниот или другиот, а можеби и спој од двајцата, останува времето да покаже.

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top