Радио Милева утрински муабети

„Силви бенд“ на гости кај Ване Маркоски открија детали за кои малку или воопшто не се знаеше за нив (видео)

„Силви бенд“ на гости кај Ване Маркоски открија детали за кои малку или воопшто не се знаеше за нив (видео)

Музичко – брачната двојка Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ или попознати како „Силви бенд“, неделава му беа гости на Ване Маркоски во утринската програма на МРТ.

Валатко и Силви не така често се медиумски активни, па кога тоа е случај, најчесто имаат да кажат нешто ново и интересно.

Овој пат, тема за старт на разговорот беше тоа што Ване ги праша за музичките почетоци, поточно за тоа како настана името „Силви Бенд“?

Одговорот прв го почна Влатко, а Силви го дополнуваше сеќавајќи се на тоа време.

-Ние си бевме двајца со тоа што во прво време бевме дуо Плевнеш, така да на еден настап наш на кој што присуствуваше и братот на Силви, беше дојден од Германија. Тој вика „ па што… ти се уште не си Плевнеш?“. Така полека си дојде „Силви бенд“. Во еден момент кога настапувавме во еден локал во Скопје и еден познат наш диџеј со кого настапувавме паралелно во блок, Силви отишла му шепнала дека од вториот блок да не најави како „Силви бенд“. Мене ми се допадна како звучеше и така настана името, му открија на Ване и секако на гледачите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_)

Инаку, Силви и Влатко неодамна станаа баба и дедо, ќерката Деа која живее во Амстердам стана мајка за првпат, роди женско бебе кое го носи името Малика, среќата на мама и тато и секако на баба и дедо.

фото:Instagram printscreen/ vanemarkoski_/ Facebook

To top