Под ѕвезденото небо и во недопирливата убавина на Античкиот театар, на 31-ви јули, ќе бидеме сведоци на музички спектакл што се случува еднаш во животот. Симфонија од емоции. Носталгија што буди сеќавања. Хитови што не се забораваат. Очекувајте ги безвременските песни: „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“ „1762 лето“… и уште многу музички бисери што ќе ги слушнеме во сосема ново симфониско руво.

Како што велат организаторите, оваа вечер ќе биде чест и привилегија за секој љубител на македонската музика – ретко доживување каде традицијата, елеганцијата и уметноста се претопуваат во едно.

Не пропуштајте незаборавна летна вечер под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид со Силви Бенд и Симфонискиот оркестар. Не заборавајте, 31-ви јули со почеток во 21:00 часот, ве очекува спектакуларен концерт кој ќе ги спои магијата на музиката и убавината на традицијата на едно место.







