Радио Милева дарежлив

Силвестер Сталоне за своите три принцези купи замок вреден 24 милиони (фото)

Силвестер Сталоне за своите три принцези купи замок вреден 24 милиони (фото)

Силвестер Сталоне е особено посветен татко, којшто се обидува да им ги исполни сите желби на неговите ќерки, а овој пат тој се потруди да им обезбеди дом од соништата. Имено, легендарниот Роки купил раскошна вила по вртоглава цена од 24,5 милиони долари, на источниот брег на САД, а во којашто ќе се вселат неговите три ќерки.

Куќата неодамна била изградена и има површина од 1.081 квадратен метар, а ја окружува имот со површина од 4.500 квадратни метри, со поглед кон Атлантскиот океан.

За внатрешниот дизајн на куќата задолжен бил реномираниот дизајнер на ентериерот Џејмс Ховард, кој бил инспириран од класичната архитектура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Сталоне поголем дел од своето слободно време го поминува со своите наследнички, коишто ги доби во бракот со Џенифер Флејвин. Тој постојано им дава лекции на своите ќерки за љубовниот живот и мажите, а им дава и други животни совети.

Софија (28), Сикстин (26) и Скарлет (22) следното лето би требало да се вселат во нивниот нов дом, до кога е планирано да заврши реновирањето на целокупниот комплекс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Ќерките на Сталоне одлично се согласуваат една со друга, но и покрај тоа многу се разликуваат по својот карактер.

Софија е како „срцето“ на семејството, Сикстин е „таа којашто сака да ризикува“, а Скарлет е „онаа којашто го краде вниманието“, додека нивната мајка ја има улогата на „кралица“ во семејството.

фото:instagram printscreen/ officialslystallone

To top