Пејачката Јана Тодоровиќ за медиумите откри со какви методи слабее.
Имено, таа истакна дека не е поддржувач на теретана и здрава исхрана, туку дека користела инјекции кои се вбризгуваат во стомакот, поточно лекот „Оземпик“ кој и помогнал да ослабне.
– Ослабев неколку килограми, можеби седум, осум, што е многу за мене. Да бидам искрена, прво ги користев оние инјекции што ги вбризгуваш во стомакот еднаш неделно. И после тоа пиев апчиња. Го губам апетитот со нив. Среќна сум како е сега – вели Јана и открива што и кажува сопругот кога ќе се здебели:
-Мојот сопруг сака да бидам првенствено здрава и му се допаѓам кога сум послаба. Се разбира, неми дозволи да ги пијам тие апчиња. Тој вели: „Те молам, не се труј, немој да ги добиваш тие инјекции“. Сака природно да ослабам, но немам време за дете и за спорт – изјави пејачката за „Република“.
фото: printscreen/instagram