Радио Милева радост најголема

Си роди наследничка: Македонската фолк пејачка и гајдаџика стана мајка и веднаш го покажа бебето

Си роди наследничка: Македонската фолк пејачка и гајдаџика стана мајка и веднаш го покажа бебето

На големиот православен празник Митровден, познатата фолк пејачка и гајдаџика Елена Јовческа се породи и на свет донесе здраво женско бебе, кое го доби прекрасното име Талија.

Името Талија носи посебна симболика и значење, поврзано со радост, благослов и инспирација – токму како чувствата што сега ја облеваат младата мајка.

-На овој прекрасен ден Митровден 08.11.2025 година се роди нашата Талија. ТИ глагодарам Господе! – нашиша гордата и среќна мајка која се породила во една првиватна болница во Скопје.

Познатата прилепчанка изненади со мајчинството, бидејќи целата бременост помина во татност, а непознато се уште остана и кој е таткото на бебето.

Јовческа пред породувањето го следеше трендот за фотосесија со гол труднички стомак, па во првилот на првата фотографија со новороденчето, прикачи и уште неколку фотографии каде позира со нарастаниот труднички стомак.

Инаку, Елена Јовческа пее и свири на четири инструменти, но највпечатлива и најпрепознатлива е како гајдаџика која низ светот ја промовира изворната музика и македонска култура.

Месец ноември е нејзиниот месец кога ќе наполни 36 години, па поводот за славење со зурли, гајди и тапани ќе биде уште поголем.

Честитки!

фото:Instagram printscreen/jovceskaelena/ Facebook

To top