Пејачката Антониа Гиговска освен што години наназад соработува и безрезервно му верува на својот стилист за шминка и фризура Даниел Николовски, тие двајца и настрана од работата се блиски пријатели.
Таа блискост премина до тој степен да си кажат во лице еден на друг за се’ што досега се лажеле меѓусебно, да си признаат пред камера, но без да си судат.
Антониа прва го скрши мразот и низ насмевка му призна на Даниел декачесто го лаже со тоа дека нема кој да и го чува детето кога тој ја вика порано да ја нашминка за настап.
Ударот веднаш беше возвратен, па и тој и „плесна“ во лице дека се’ почесто и кажува дека е буден од 4 сабајле за да шминка невести, ама вистината е сосема поинаква.
Признанијата не завршија тука, напротив, како од пушка така искрено продолжи таа, ама продолжи и тој. Со подзината уста беше тој, ама секое следно признание двајцата се смееја, но очигледно со резерва и срам за се што продолжи понатаму…
-Кога одиме на патувања не земам многу работи зашто знам дека ти ќе би земеш, си призна Антониа, а Даниел пак кажа дека не сака Антониа да го вози во кола зашто се плаши за својот живот.
За ова и за уште многу (не)вистини погледнете од видеото во продолжение, а дали пријателството и односот по ова судење, несудење, таму си знаат тие двајцата.
@danielnikolovskiofficial Gi Ochekuvame vashite videa so najbliskite 🤗 Ajde da se zabavuvame i da shirime pozitiva 🤍 #SiKazhuvameNoNeSiSudime ❣️ @antoniagigovska 👸🏼 #danielnikolovski #macedonia #skopje #antoniagigovska #fyp #zena #friends #friendschallenge ♬ original sound – Daniel Nikolovski
фото: Tik- Tok printscreen/danielnikolovskiofficial