Радио Милева предвреме остарени

Си немаат друга работа, па си бараат р’чки: Пејачките прво напумпаа усни, а сега ќе пеглаат брчки (фото)

Си немаат друга работа, па си бараат р’чки: Пејачките прво напумпаа усни, а сега ќе пеглаат брчки (фото)

Веројатно сите барем еднаш сте се нашле во тема естетски корекции и колку тоа во денешно време корективната дерматолошка интервенција стана пракса кај припадничките на понежниот пол.

Се’ поголем дел се приврзанички на истата, а се’ помалку остануваат во зоната на природното. Кога естрадните дами се во прашање за ваквата модерна естетика, особено со филери за усни и разно разни третмани од инванзивна или неинванзивна корекција, стана како задолжителни. Особено ретко која од пејачките остана без волуменозни усни или народски кажано напумпани, а заедничко за поголем дел е тоа што се повеќе наликуваат една на друга.

Овој конформизам воопшто не им пречи, па оригиналноста и автантичноста од индивидуалноста како да „паѓа во вода“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Младата пејачка Антониа Гиговска е во редот на оние што ги зголемија усните и тоа доста видливо, а тука е и нејзината колешка и пријателка Барбара Поповиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Popovic (@barbarapopovic_)

Освен тоа што музичките афинитети ги поврзуваат младите и атрактивни пејачки, Антониа и Барбара доста се дружат приватно, особено по салоните за убавина каде не ретко знаат да се сретнат.

Дека се доста блиски покажаа и со една нивна интерна преписка која како шега на социјалните мрежи ја објавија јавно.

Темата ботокс почна од една фотографија што Антониа и ја прати на Барбара, а од кадарот и аголот на истата, на Барбара и се причини дека нејзината колешка и пријателка редно време е да стави ботокс.

Па така, од „лоша фотка“ стигнаа до муабет за ботокс и после напумпаните усни дојдоа на ниет да пеглаат брчки.

Антониа на ова реагираше со смеење, а во коментар дополни дека таа не сака да прави нешто такво на себе, а Барбара е таа што и сугерира на тоа.

Очигледно досадното и дождливо време натера да немаат друга работа, па да вртат муабети кои гледано од денешна перспектива на нивната возраст и секако изглед, воошто немаат.

Третманот со ботокс е еден од најпопуларните во естетската медицина и се користи за подмладување и измазнување на брчките. Антониа и Барбара веројатно ова ќе го останат само како шега и нема поради тренд да се стават го групата на модерни, а предвреме подостарени.

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ barbarapopovic_

To top