Иако се познаваат уште многу оддамна, од времето на некогашната „А1“ телевизија во сопственост на нејзиниот татко Велија Рамковски, љубовната искра дури лани (2023 год.) го запали оганот на љубовта и страста помеѓу јога инструкторката Лејла Рамковска и музичарот, компоитор, пејач и продуцент, Роберт Билбилов. Обајцата со по еден пропаднат брак зад себе, но и горди родители, откако Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година, а од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со бизнисменот Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред повеќе од пет години.
Една случајна средба, искри во очите и денес се неразделен пар, како две вљубени гулапчиња што постојано се заедно и леткаат еден покрај друг. Убавото време успеа да им „искамчи“ и малку слободни денови, па истите решиле да ги искористат за романтичен викенд кај јужниот сосед. Во друштво на пријателите, Роберт и Лејла покажаа колку се сакаат…
Гастрономската понуда во Грција е позната, особено медитеранската храна, богата со салати и морски плодови, колку и да не си гурман, мами воздишки… и вода на уста! Било тоа да е ручек или вечера, полната трпеза никого рамнодушен не остава. Особено кога е вака богата, иако бисерот не се крие во школките на трпезата туку во онаа – најубавата седната крај масата. За Билбилов, во случајов сега неговата Лејла.
Но, за да да дојдеш до бисерот треба да се помачиш, зашто бисерната школка не само што тешко се наоѓа, туку и кога ќе ја најдеш, лесно не се отвора, па до бисерот тешко се доаѓа. Зато треба да научиш некои лекции, одредени вештини, кои ќе ја привлечат, ќе и се допаднат, ќе ја омамат и самата да се отвори. А како поинаку најбргу би се отворила, ако не играш по нејзини правила.
Затоа Билбилов овој пат на прекрасната плажа во Сивири ниту и пее, ниту и свири, туку реши да смисли нешто онака од нога…
Па за да го купи нејзиното внимание, реши да и покаже што научил од нејзината јога!
„Море, сонце, песок, љубов, пријатели, јога… Секој ден со нетрпение го чекам денот и му благодарам на Бога што ми ги дава сите убави нешта во животот… Затоа дур сум жив чисто за да ме потсети дека живеам, постојам… Секогаш ќе правам стој на глава, ако треба и на нерамен песок“ – споделил покрај видеото музичарот, пејач и продуцент, откако го овековечил овој за него среќен момент.
View this post on Instagram
„Што ти е жена… Лејла на Билбилов му го преврте животот наопачки… За само еден љубовен блесок ‘дуби на глава’ и на нерамен песок“ – се коментарите на поединци. Но, тоа само така изгледа отстрана. Одвнатре приказната е веројатно сосема поинаква. Многу посреќна, поемотивна, пољубовна, поинтимна, поискрена…
Нешто што впрочем го покажуваат и овие романтични слики од сончевиот Халкидики!
Фото и видео: Инстаграм/justrbproduction