Пејачката Марина Висковиќ често го привлекува вниманието со своите објави на социјалните мрежи, а овојпат одлучи со следбениците да сподели еден детаљ од приватниот живот и да открие колку добро се снаоѓа во кујната.
Марина на својот профил на Инстаграм објави видео во кое се појавува во целосно опуштено издание, без трошка шминка, облечена во маица на прерамки и долен дел од тренерка. Во лежерна атмосфера им се обрати на следбениците и проговори за тоа дали знае да готви, со оглед на тоа што, како што вели, често ѝ го поставуваат токму тоа прашање.

„Добивам многу прашања дали знам да готвам. Слабо, но она што го знам, го правам совршено, а тоа се јајца и омлети на 101 начин. Што се однесува до јајцата, тука сè е супер“, рекла Марина низ насмевка.

Судејќи според нејзиното признание, кога станува збор за готвењето, пејачката сепак најмногу се потпира на едноставни рецепти, а јајцата очигледно се нејзиниот специјалитет.
Иако не може да се пофали со големи кулинарски вештини, Марина покажа дека нема проблем да се пошегува на сопствена сметка.
Нејзиното опуштено издание и искрениот одговор сигурно измамиле насмевки кај следбениците, кои имаа можност да ја видат во малку поинакво светло, далеку од гламурозните комбинации и сценските настапи на кои се навикнати.
foto: printscreen/instagram/marina_viskovic_official






