Радио Милева безусловна љубов

„Што и да напишам малку е“: Елена Ристеска со емотивна објава на роденденот на мајка ѝ

„Што и да напишам малку е“: Елена Ристеска со емотивна објава на роденденот на мајка ѝ

Македонската пејачка Елена Ристеска на прекрасен и емотивен начин го одбележа роденденот на нејзината мајка Деса, споделувајќи семејни фотографии на социјалните мрежи со кои го привлече вниманието на фановите.

На фотографиите, полни со љубов и топлина, се појавуваат татко ѝ Ацко, сестра ѝ Драгица и внуката Делфина – вистинско богатство кое таа го чува на фотографии.

Во придружената порака, Елена ја истури својата бесконечна љубов и восхит:

– Што и да напишам малку и кратко ќе биде, а заслужуваш цела книга да напишам за тебе! Не сретнав никој рамен на тебе и твојата безусловна љубов во мојот живот! И нема ни да сретнам, затоа што си единствена и незаменлива. Мајка! Со големи букви и исто толку голема душа и срце. Ти си олицетворение на добрина и храброст. Да си ни жива и здрава уште долги години, затоа што ние без тебе не знаеме како. Те сакам најсреќен роденден!


Оваа емотивна посвета доаѓа од нејзиното срце, особено откако Елена го загуби својот татко Ацко во септември 2016 година. Тогаш, нејзината приврзаност кон мајка ѝ стана уште посилна, а иако ретко ја споменува јавно, секогаш има само зборови полни со восхит за нејзината добрина и сила. Објавата веднаш предизвика доста реакции – речиси цела македонска естрада и фанови и го честитаа роденденот на Деса, потврдувајќи дека ја ценат нејзината семејна љубов.

foto: printscreen/instgaram/elenaristeska_era

To top