Радио Милева адреналин и забава

Шеф Марк каков никогаш не помислувате дека ќе го видите: Се впушти во авантура под полна гас

Шеф Марк каков никогаш не помислувате дека ќе го видите: Се впушти во авантура под полна гас

Познатиот шеф Марк Де Јонг сака и практикуива да го живее животот со полни гради.

Секогаш насмеан, позитивен и отворен за секоја една тема за дискусија, особено кога гастрономијата е во прашање.

Не случајно името на неговата кулинарска емисија е „Авантурите на Марк“, чист одраз на она што всушност е тој. Од пред извесен период тргна и во потрага по млади таленти за готвење и идни шефови, кои пред камера сакаат да ги покажат своите вештини и секако да научат нешто ново.

А кога веќе новините се тема, тогаш новина е и што Марк се покажа во едно сосема неочекувано издание, ни повеќе ни помалку туку како крос моторциклист.

Со „фул“ опрема и под полна гас заедно со шурата, Марк повторно се впушти во авантура, адреналинска и сосема поинаква од едно сончево пладне во скопско Сопиште.

Ако не е тргнат во авантура низ тропските краишта заедно со сопругата Василка, тогаш сигурно прифатил нов предизвик кој му ги задоволи потебите на нешто адреналинско и забавно, но секако со внимание и асистенција од поискусните, зашто Марк знае како си е редот.

фото:Facebook/Marc De Jongh

To top