Радио Милева дама

Северина воодушеви со ретро стил – Еве колку чини нејзината комбинација (фото) 

Северина  воодушеви со ретро стил – Еве колку чини нејзината комбинација (фото) 

Северина е голема регионална ѕвезда, а освен по музиката, позната е и по атрактивниот изглед, но и по стилот и модните трендови кои ги следи.

За модната комбинација која го воодушеви регионот, таа ја одбра комбинацијата на една од омилените дизајнерки на британската принцеза Кејт Мидлтон, Алесандра Рич.

Северина објави нови фотографии на социјалните мрежи, а нејзиното елегантно издание привлече големо внимание. Пејачката носеше светло син фустан со изразена бела јака и мал цветен дезен.

Овој фустан, кој е изработен од свила, напред се прицврстува со црни и златни копчиња и потсетува на моделите кои често ги носи Кејт Мидлтон. Инаку, фустанот го дизајнираше Алесандра Рич, една од омилените дизајнерки на Кејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Цената на овој фустан е 2150 евра, а Северина го искомбинирала со мала црна чанта Lady Dior чија цена е околу 5000 евра и бели потпетици.

„Секогаш е добро облечена“, „Најдобро облечена жена“, „Фустанот е супер, сакам ретро“, „Вистинска дама“, се само дел од коментарите.

To top