Сергеј и приреди вечера на сопругата и мрежите ги вжешти коментарот: „Е, тоа е црно влакно!“ Актерот веднаш реагираше…
Актерот Сергеј Трифуновиќ поради изгубен облог морал да и приготви вечера на сопругата, но неговите следбеници забележале нешто друго.
Трифуновиќ и неговата поубава половина Исидора изминативе недели беа во центарот на вниманието бидејќи актерот, како што се пишуваше, пријавил семејно насилство на сопругата.
Иако многумина мислеа дека нема да се вратат еден на друг по тој скандал, актерот и неговата сопруга покажаа дека се уште не можат еден без друг.
Во низата објави кои Сергеј ги сподели на социјалните мрежи се појави фотографија на која се фали со своите кулинарски способности.
Сергеј објави фотографија од оброкот кој го подготвил за себе и за Исидора, а неговите следбеници едвај чекале да ја коментираат.
„Секоја чест, гулаш е сериозна егзебиција, а се гледа дека добро испаднало!“, „Блазе си и“
За почеток, може да поработи на приборот за јадење, како и чашата“, „Јам, јам… Имајте убава вечера, извини, ми падна во очи – има црно влакно на долната лева страна од чинијата?“.
На овој последен коментар актерот не остана рамнодушен и одговори:
„Извади го ако ти пречи“
Актерот инаку во објавата изјавил дека изгубил три облози и затоа подготвувал вечера.
Да потсетиме, Исидора по скандалот беше осудена на парична казна според Законот за странци за нелегален престој во Србија и ја плати казната.
– Исидора е осудена на парична казна од 20.000 динари, која веднаш ја платила. Не верувам дека ќе ја напуштат државата, таков им е односот, денес се добри утре не. Сепак, тие се сакаат – изјавил извор за локалните медиуми.
фото: printscreen/instgaram/whistler_dick