Летото е при крај, а септември е месецот со многу почетоци, дури и повеќе од оние со стартот на Новата Година. Со некакви промени и септемвриски почетоци се соочуваме сите, првин се збогуваме со летото, а добредојде ни е есента и многу попратни адаптации кои следат со истото.
Месец септември исто така се поврзува и со отпочнување на нови телевизиски проекти или пак оние кои сезонски си тераат исто години наназад.
View this post on Instagram
Еден таков проект е гејм шоуто „Се или нешто“ кое зад себе брои цели 13 сезони и есенски почетоци, многу натпреварувачи, отворени кутии, неизвесност, возбуда, добивки, разочарувања, никогаш отворен сеф и даден милион, но со постоечки два перманенти – Лила и банкарот.
На домаќинката Лила која секогаш е на својата позиција и дојде време, барем за одреден период да ги распакува куферите од патувањата кои ги имаше во континуитет, а да го фати редот со снимањата на 14-тата сезона на „Се или нешто“.
Како што веќе е познато, натпреварувачите продолжуваат онаму каде застанале, но сега очигледно со нови правила и со повеќе кутии со бројот 23 и тоа обележани со првите букви од азбуката.
Лила на Инстаграм објави некоку стори приказни, веројатно од све снимања, облечена во две различни комбинации, една црна од деколтиран корсет и кулоти, додека другата сензуална од бел свилен принт комбинезон.
Еден, два, три, камера и се снима, па со среќа!
фото: Instagram printscreen/ lilafilipovska