Радио Милева грчки иљач за љубовни јадови

Сењорита Мистериоза падна во севдах, па бргу сфати дека не е се’ во „мудри мисли“ и „практични совети“: „Оваа лекција мора да ја доживееш за да преживееш“

Сењорита Мистериоза падна во севдах, па бргу сфати дека не е се’ во „мудри мисли“ и „практични совети“: „Оваа лекција мора да ја доживееш за да преживееш“

Сењорита Мистериоза, уметничко име или прекар зад кој стои слатка, синоока „сајз плус“ црнка,  чии објави колку и да ви звучат на моменти како „чиста дубиоза“,  верувајте дека во зборовите од нејзините  видеа има и тоа како вистина. Најчесто животна! Дури и да е и само половина од тоа, доволно за да ве заскокотка, заинтригира и замисли, дали некогаш сте се пронашле во нејзините „практични совети“ и „мудри мисли“?

Арно ама животот не е само теорија, туку мора да се живее и доживее во пракса. Постојат животни лекции  кои мора да ги доживееш… за да приживееш!

Тоа воглавно го поминуваме сите, кој еднаш, кој по неколку пати во животот, а истото го сфатила и Сењорита Мистериоза. Нејзините практични совети и мудри мисли се беспредметни или барем најтешко применливи кога треба да ги примениш на себеси. Едноставно љубовта е како вирус… Нема лек, мора да се „прележи“. Кој полесно, кој потешко, ама кај сите воглавно треба време и… ќе помине!

А, во меѓувреме, дотичната инфлуенсерка решила да ја ублажи болката, па кога од љубов веќе не може да се лечи, падната во севдах, сиртаки и бузуки нека ечи. Сењорита Мистериоза  за сите лаги,  сите солзи и доживеани неверства, замина на на грчка вечер, онака „својски да се издува!“

И додека звуците на грчкиот мелос и ја параат душата и скршеното срце,  облечена во долг свечен фустан од леопардов принт со голи рамења и гола мишка, таа со кршење чинии  и жежок танц,  решила да си даде оддишка! Ако не оди во љубовта, ма нека иде живот…

„И додека срцето ти е искршено на милион ситни парчиња, и бараш одговори на сите прашања, животот тече… Деновите се редат и времето ти проаѓа… А ти си заглавен во лавиринт од љубов, болка и разочарување… Не губете го времето за да ги најдете одговорите на прашањата… Оваа лекција мора да ја доживееш за да преживееш…!“ – споделила  Сењорита Мистериоза покажувајќи со личен пример дека љубовното разочарување е лекција која сепак мора да ја доживееш за да преживееш!  Во случајов со сиртаки и кршење чинии како грчки иљач против љубовни јадови!

Фото: Инстаграм/senorita.misteriosa

To top