Радио Милева нов дом

Семејството на Ален Делон не му ја исполнило последната желба: Одбиле да го заспијат неговото куче (фото)

Семејството на Ален Делон не му ја исполнило последната желба: Одбиле да го заспијат неговото  куче (фото)

Семејството на Ален Делон одбило да го еутанизира неговото куче за да биде погребано со него. Семејството на неодамна починатиот француски актер Ален Делон одби да му ја исполни желбата да го заспие неговото омилено куче и да го закопа со него.

Делон, кој почина во неделата на 88-годишна возраст, сакаше неговото 10-годишно белгиско овчарско куче Лубо да биде евтаназирано и погребано со него, но по протестите на активистите за правата на животните, семејството одлучи да не го стори тоа.

Како што пренесува Гардијан, активистите се спротивставиле на можноста здравото куче да се заспие и понудиле да најдат нов дом за кучето на Делон.

Фондацијата Брижит Бардо соопшти дека ќерката на Делон Анушка потврдила дека семејството ќе го чува кучето. „Само што разговарав со Анушка Делон и таа ми кажа дека Лубо е дел од семејството и дека ќе го чуваат. Кучето нема да биде евтаназирано“, изјави портпаролката на фондацијата Брижит Бардо.

фото: Screenshot / Youtube/Instagram/alain.delon.4ever

To top