Радио Милева По тешката дијагноза

Селин Дион блесна на отворањето на ЛОИ (видео)

Селин Дион блесна на отворањето на ЛОИ (видео)

Канадската пејачка Селин Дион испеа романтична песна за крај на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Селин Дион настапи на Ајфеловата кула за време на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз во впечатлив фустан обложен со дијаманти.

Таа за прв пат пееше на сцена и  ова е нејзин прв голем настап по 4 години, а публиката ја поздрави со овации и аплаузи.

Сите рефлектори и погледи беа вперени во неа, а таа елегантно застана и на француски јазик на Ајфеловата кула ја испеа „L’Hymne à l’amour“ со полно емоции.

Таа носеше прекрасен долг, тесен бел фустан покриен со дијаманти и циркони.

Фустанот имаше наметка од истиот материјал закачена на рамото и изгледаше елегантно и префинето.

Пејачката го дополни изгледот со впечатлив накит, прстени и обетки, а косата ја врза во едноставна пунџа.

Селин Дион, инаку, има ретко автоимуно нарушување на движењето, синдром на вкочанета личност. Таа беше дијагностицирана во декември 2022 година. пејачката по дијагнозата ги откажа сите настапи за 2023 и 2024 година.

Покрај неа, на отворањето имаше уште 300 изведувачи.

фото: print Screen/instagram/celinedion

To top