Пејачката Сека Алексиќ со години е присутна на јавната сцена, а никогаш не се срамела да зборува за својот приватен живот. Пред неколку години на социјалните мрежи се појави приказна дека вистинското име на Сека Алексиќ е всушност Зухра, што пејачката своевремено остро го демантираше.
– Простете сите прекрасни луѓе на Твитер што овде на едноставен начин ќе им се обратам на „некои клетници“… Морам да им објаснам каде им е местото. Така, на сите хејтери кои ми пишуваат овде и измислуваат дека се викам Зухра, а не Светлана, им велам дека се клетници, мизерни и дека искрено ги жалам – напиша тогаш Алексиќ.
-Мизерни сте и бедни како и човекот што го измислил сето ова. Не би се спуштила на ваше ниво и да го покажам изводот на родените бидејќи ова обраќање е доволно! На крајот на краиштата, јас сум родена во Зворник и кој го интересира, изводот ми е таму! Никогаш не сум се срамела од мајка ми која е со муслиманско потекло и се вика Ибрима и татко ми кој има српско потекло и се вика Милорад. Затоа љубезно ве молам сите вас кои упорно, со денови и месеци се трудите да бидете „важни“. И вие и стоката што ја продавале… Среќа има лек и за такви болни. Блок! Не би губела повеќе драгоцено време, а ова е премногу! Уживам во убавото време и прекрасниот живот! – го заврши своето обраќање по тој повод Сека.
фото: printskrin/instagram/seka_aleksic