Пејачката Сека Алексиќ гостуваше во подкаст каде истакна дека многу работи што јавните личности ги изнесуваат таму се всушност заблуди и лаги.
Како што вели, речиси се што презентираат јавни личности на социјалните мрежи нема врска со реалноста.
– Нормално е детето три дена да носи тренерка на училиште додека не се извалка, па кога ќе се извалка, мама ја пере и пак ја суши, па пак одиме.
– Не е нормално да ја менувате вашата гардероба секој ден. Тие деца не се нормални. Не е нормално луѓето да гледаат јавни личности низ социјалните мрежи како рекламираат се и сешто, рекламираат прескапи производи, шминка, скапи животи, Дубаи…
-Не е нормално, не е вистински живот – одговори таа на радио „WTF“.
– Нормално е да си дома, да не си во Дубаи, нормално е два дена да јадеш грав или полнети пиперки, мусака или сарма, не е нормално да јадеш кавијар, гамбора, лигњи и сл. … секој ден во Дубаи на тераса да се снима морето не е нормално. Тоа се лажни животи – заклучи таа.
фото: printscreen/instagram