Радио Милева од своите соништа

Сека Алексиќ реновирала дел од вилата – Пејачката ја покажа новата трпезарија

Сека Алексиќ реновирала дел од вилата – Пејачката ја покажа новата трпезарија

Фолк пејачката Сека Алексиќ со години ужива во луксузна вила во Стара Пазова, со својот сопруг Вељко Пиљикиќ и двата сина.

Куќата на Сека се смета за една од најубавите од естрадата, бидејќи таа ја опремила со најсовремен мебел, додека дворот има голем базен, палми и многу зеленило, како и животни.

Таа често споделува сцени од својот луксузен дом на социјалните мрежи, а сега се пофали со својата нова трпезарија на Инстаграм.

Алексиќ  ја фотографирала големата маса и столчиња, додека на ѕидовите можат да се видат бројни икони, а на најголемиот дел од ѕидот е поставена сликата „Тајната вечера“.

Трпезаријата на Сека зрачи со луксуз, со мермерни подови и големи прозорци на ѕидовите.

Во една прилика, таа ја покажа и дневната соба – простор кој плени со елеганција, топлина и беспрекорно чувство за естетика.

Вистински доказ дека функционалнииот амбиент  може да изгледа и како страници од дизајнерски каталог.

Foto: Instagram/sekaaleksic

To top