Пејачката Сека Алексиќ со години е во брак со Вељко Пиљикиќ, со кој има две деца, синовите Јаков и Јован.
Сека е многу посветена сопруга, но и мајка, а како што сега истакна, ги запоставила сопствените потреби заради своите најблиски.
Имено, на својот Инстаграм профил, пејачката сподели видео од неа како лежи во када покриена само со пена и најави дека суштински ќе го промени односот со околината.
View this post on Instagram
– Цел живот се трудам да им угодувам на другите луѓе. Деца, сопруг, блиско и пошироко семејство… Тогаш се прашувам дали сум нормална?! Направи го ова, направи го тоа, направи го овој човек да се чувствува добро, дојди помогни, објасни… Апсолутно никогаш не мислам на себе. Додека јас средувам сѐ за сите да бидат добро, сите да бидат задоволни, среќни, да се чувствуваат добро, никој да не плаче, да не тагува и да има сѐ што ќе посака. На крајот на денот кога ќе се погледнам себеси и каде сум – никаде. И повеќе нема да го правам тоа – изјави пејачката.
фото: printscreen/instgaram