Каќа и Дарко Лазиќ пред повеќе од една недела станаа родители на малото девојче Срна. Во животот на Лазиќ дојде радост по третпат, додека ова е првата ќерка на Катарина.
Седум дена по раѓањето на Срна, кое се славеше до раните утрински часови, Каќа и Дарко Лазиќ повторно имаат причина за славење.
Имено, Дарко Лазиќ вчера го прослави својот 33 роденден, а прв во друштво на ќерката Срна.
Не изостанаа честитките од пријателите, сепак пејачот оваа година се одлучи за интимна прослава во друштво на сопругата и новородената ќерка.
Ќерката Лорена и синот Алексеј, исто така, му го честитаа роденденот на својот татко и го разубавија овој посебен ден, што му го наполни срцето.
фото:Instagram printscreen/ darkolazicofficial