Радио Милева

Сè уште го чува  – Каќа покажа вреден подарок кој Дарко и го подарил пред 16 години (фото)

Сè уште го чува  – Каќа покажа вреден подарок кој Дарко и го подарил пред 16 години (фото)

Катарина Лазиќ, сопругата на Дарко Лазиќ, на социјалните мрежи Инстаграм го покажа часовникот што пејачот и го подари во 2009 година, кога првпат почнаа да се забавуваат.

Катарина Лазиќ го фотографираше часовник со потпис на популарна марка и во објавата го означи Дарко Лазиќ.

„Часовникот што ми го подари Дарко Лазиќ во 2009 година“, напиша Каќа на својот профил.

Надалеку е познато дека Дарко и Катарина беа заедно пред 16 години, а потоа раскинаа и продолжија со животот, додека судбината повторно не ги спои.

– Пред 14 години, кога раскинавме, се убедував себеси дека не ни е предвидено да бидеме заедно и дека нема да бидеме заедно, па сега одвреме-навреме му велам дека не ми се верува дека повторно сме заедно и дека ќе имаме дете – истакна Каќа непосредно пред раѓањето на нивната ќерка Срна.

Лазиќ во оваа прилика изјавил дека со Катарина бил во врска една година, но ја прекинал врската бидејќи не сакал да ја повреди. Се разделија и секој тргна по својот пат.

 

– Не бев подготвен на ништо сериозно, но за неа размислувам со години – признал претходно Дарко.

фото: print Screen/Instagram

To top