Пејачката Злата Петровиќ повторно ја шокираше јавноста со признанија за тајните врски со оженети мажи и интимните авантури што го одбележале нејзиното минато.
Злата, повторно го привлече вниманието на јавноста со искрените признанија за својот љубовен живот и авантурите од минатото.
Иако признава дека најмногу ѝ одговара да ги поминува интимните моменти во удобноста на својот дом, пејачката на народна музика откри дека во текот на животот ѝ се случувале и спонтани ситуации на сосема неочекувани места.
На една од нив се присетила зборувајќи за интимна средба со тогашниот партнер, која се случила среде бел ден, на паркинг во мала уличка покрај патот, во близина на шума.

Злата без двоумење зборувала и за врските со мажи кои веќе биле во брак. Како што раскажала и претходно, со еден оженет маж била во емотивна врска дури пет години. Истакнала дека немала намера да му го наруши семејниот живот, па внимавала нивната врска да не се доведе до развод.
Пејачката признала и дека не била склона кон љубомора и дека не ѝ пречело тоа што мажот со кој се гледала има сопруга. Според неа, во љубовните врски влегувала поради емоциите и личното задоволство, а не поради пари или материјални придобивки.
Таа нагласи дека отсекогаш била финансиски независна и дека немала потреба од партнерот да бара скапи подароци, бунди или автомобили. За неа, како што објаснила, многу поважно било како се чувствува покрај мажот отколку колку пари поседува тој.
Зборувајќи за поранешната врска, Злата претходно истакна дека материјалната страна никогаш не ѝ била пресудна во љубовта.
„Со еден оженет маж бев пет години. Се трудев да бидам добра љубовница, но внимавав да не му го загрозам бракот. Не сум љубоморна и не ми пречеше што го делам со друга жена. Не бев со мажите од корист, туку заради задоволство. Не ми беше важно дали некој е богат, ако ми е убаво со него. Сама заработувам и имам доволно за себе, па не очекував некој да ми купува бунди и автомобили“, раскажала претходно пејачката.
foto: printscreen/instgaram/zlatapetrovic_fan







