Радио Милева Среќен нека е!

Се собраа за големата јубилејна 80-ка: Ќерките Тијана и Тамара приредија свечена вечера за татка си – „Дедо, да си ни здрав и жив“ (фото)

Се собраа за големата јубилејна 80-ка: Ќерките Тијана и Тамара приредија свечена вечера за татка си – „Дедо, да си ни здрав и жив“ (фото)

Ако пред три недели се собраа за роденденот на мама Брана, изминатиот викенд Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ повторно имаа повод за славење, овој пат јубилеен.

Имено, штом Тијана повторно допатува до Скопје, јасно беше дека има посебен повод – овој пат роденденот на тато и дедо Велко.

Пензионираниот професот по контрабас, Велко Тодевски во присуство на своите најмили го прослави својот јубилеен 80-ти роденден.

Ќерките и тоа како се погрижиле се’ да биде на ниво со свечена вечера во еден скопски ресторан, обезбедиле симболична торта, договориле и тамбураши, но најважно се собрале сите на куп за да му биде најубаво на славеникот.

Инаку, во ноемри 2023 година се случи промоцијата на книгата „Велко Тодевски: уметност и педагогија на контрабас“, која ја напиша неговата студентка Нора Бајрами.

Среќен нека е!

To top