Тијана Дапчевиќ и Викторија Лоба ги поврзува музиката и кариерата како пејачки, а во случајов конекција им беше Инстаграм.
Занимливостите кои ги нуди социјаната мрежа се за сите кои нашле слободно време за мала мисловна разонода, а од истата не се штедат да го сервираат својот приватен живот на тацна, меѓу нив овој пат се Лоба и Тијана.
View this post on Instagram
Тие воопшто не се штедеа да откријат нешто повеќе од својата приватност, додека поголемиот дел од колегите едвај да покажат нешто повеќе освен кога имаат промоција, настап, се сликаат за некоја реклама, тогаш ќе бомбардираат со објавите, дури да помислите дека ќе ви „излезат од фрижидер“.
View this post on Instagram
Во случајов, овие две естрадни дами се комплетна спротивност, транспарентни и отворени речсиси за се’ она што се вика нивно секојдневие и што ги прави среќни и исполнети.
Токму дел од ваквите детали кои делумно можеби и не и беа познати на јавноста, Тијана и Лоба ги споделија на своите „стори“ објави на Инстаграм, а насловот на предизвикот гласи: „Ова или она, запознај ме подобро“.
Па така, дознавме и нешто повеќе за неа како дали сакаат плажа или планина, дали се екстровертни или интровертни и слично.
Лоба сака книгуи, планина, екстровертна е, сака шаренило, сонце, чоколадо, разговори и секако Инстаграм.
И Тијана е во групата на оние што не држат мисли во себе, туку „пуга“ јасно и гласно, сака и книга и филм, плажа и разговори по телефон, сонце, чоколадо, црно и бело.
Со колешката Лоба се слични, но секоја на свој начин различна.
Тие ја почнаа оваа Инстаграм игра, а периодов очекувајте да стане заразна, па да дознаеме уште нешто повеќе за оние поекстровертните.
фото:Instagram printscreen/ tijana.dapcevic/ victorialoba