Радио Милева билјарката од пред ТВ камерите

Се сеќавате ли на македонскиот модел и ТВ водителка, девојката од спотот на Тоше и Есма – „Магија“: Ана Исаиева денес е горда сопственичка на една поинаква цвеќарница

Се сеќавате ли на македонскиот модел и ТВ водителка, девојката од спотот на Тоше и Есма – „Магија“: Ана Исаиева денес е горда сопственичка на една поинаква цвеќарница

Откако на социјалните мрежи, особено на Инстаграм профилот на Тамара Тодевска осамна кусото клипче со „нервозната муштерика, промашениот букет и прекрасната цвеќарица“, оние што не ја познаваат се запрашаа која е убавата и шармантна цвеќарка? Оние другите, кои ја следат од нејзините почетоци, а денес не се упатени што таа сега прави, се запрашаа  дали некогашниот модел и ТВ водителка Ана Исаиева во рекламниот клип се појавува само како актерка или цвеќерницата е навистина нејзина?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frida.mk (@frida.boutique.botanica)

Кога таа за прв пат се појави во видеоспотот за песната „Магија“ на сега покојните Тоше и Есма, некои не биле ни родени, зашто оттогаш изминаа повеќе од 20 години.

Млада, убава, нежна, привлечна, заводлива, Ана Исаиева веднаш ги освои симпатиите и срцата на публиката, а момчињата почнаа да ја облетуваат.

Учествува во фотосесии, модни кампањи и на професионални кастинзи. Потоа патот некако логично ја водеше од модните води во телевизиските, каде бргу застана пред камерите како едно од новите водителски ТВ лица во тоа време.

Иако не беше долго време ТВ лице, нејзиното појавување остави силен впечаток, па редовно ќе се спомнува во медиумите поради нејзината маркантна природа и комбинацијата од манекенство и ТВ популарноста.

Како што се појави, така преку ноќ и ќе исчезне од ТВ екраните, па дури и од пошироката јавност, влегувајќи во сосема поинаква професија и фирма преку која животниот пат на професионален план ќе ја однесе  да живее и работи во Амстердам, Холандија.

Таму, како што самата ќе рече во своето последно интервју за „Космо Хибрид“, ќе создаде една подобра верзија од себе, поцврста посвесна, поискрена и поодлучна, подлабоко поврзана со своите доблести и маани. Тогаш таа сила и тој дух на создавање ќе реши да го проба да го пренесе назад во роднот Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frida.mk (@frida.boutique.botanica)


Така ќе се роди желбата за создавање на „Фрида“, нејзиното цветно катче на кое таа денес целосно му е посветена. Една поинаква цвеќарница во срцето на македонската престолнина, во самиот нејзин центар каде љубовта кон цвеќето втисната о нејзината ДНК, ќе ја преточи во стварност.

„Мојата цвеќарница е повеќе од место каде што се купуваат само букети. Туку е просто каде што се чувствува животот, каде што се слави убавината во различноста, каде што се спојуваат емоциие, уметноста и природата“ – ќе рече Ана во споменатото интервју.

И покрај остварувањето на „цветниот сон“,  Ана Исаиева сепак нема сосема да избега од телевизискиот предизвик. Само сега не пред, туку зад камерите каде беше вклучена во проектите на нејзината пријателка Цаци Паковска, како што се „Дајте музика“ и „Тин камп“, во делот на костимографијата и сценографијата.

Сепак нејзиниот „ботанички бутик Фрида“ е местото каде креативната имагинација секојдневно ја претвора во една поинаква, цветна уметност.

Фото: Архива/Инстаграм/frida.boutique.botanica

 

 

To top