Радио Милева принова

Се породи Александра Пријовиќ, откриено името на девојчето – се огласи пејачката од породилиште

Се породи Александра Пријовиќ, откриено името на девојчето – се огласи пејачката од породилиште

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ добија ќерка, чие име се чуваше во тајност до денес. Пејачката, заедно со својот сопруг, одлучија наследничката да ја крстат Арија.

Арија или Арја е вообичаено име во персиските земји и Индија. Неговото значење е „благородно“, „чесно“ или „чисто“.

Во Европа, името Арија е исто така женско италијанско име, и се преведува како „воздух“. Варијанти на името се Аријана, Аријан, Арјан, Арја.

Фолк ѕвездата се породи во приватна болница каде ја донесе нејзиниот сопруг Филип.

Пејачката се огласи на социјалната мрежа Инстаграм  од породилното одделение,  објави фотографија со ќерка си и напиша : Животот ни даде сè… Арија, 3.9.2025.
Инаку , породувањето поминало добро, и  мајката и бебето се добро. По породувањето, Александра била преместена во апартман, а ќерката наскоро ќе ја видат нејзиниот горд татко, но и братот Александар кој нетрпеливо чека да ја гушне  својата сестра.

Foto: printscreen/Instagram

To top