Јована Љубисављевиќ и стана позната на јавноста поради учеството во реалното шоу „Задруга“, како и врската со Стефан Кариќ, а овие денови таа и нејзиниот избраник Богдан Срејовиќ, со кој чека дете, објавија и дека се венчале.
По напуштањето на реалното шоу, Јована мисица почна да работи како водителка, а за својот изглед се грижи исто како и во Задругата, каде важеше за една од најубавите натпреварувачки кои стапнаа во вилата.
Сега на интернет се појави видеото на Јована од пред неколку години, кога имаше 21 година, а судејќи по коментарите на фановите, кои тврдат дека имала бројни естетски зафати, и дека таа многу се променила.
Да потсетиме, Јована Љубисављевиќ на пошироката јавност и стана позната преку учеството во реалното шоу „Задруга“, каде беше во врска со Стефан Кариќ. Јована и Стефан набрзо ја прекинаа врската, а Кариќ сега на поранешната и посака се најдобро во брачниот живот.
– Па, можам да кажам дека ја заслужува сета среќа на светот и зошто да ме изненади оваа вест? Тоа не се случи преку ноќ, долго време беа заедно и време е таа љубов да се овековечи, тој е добар дечко, вреден, способен, па се радувам за неа, ќе повторам дека го заслужува. Поздрав до нејзиното семејство и се најдобро за неа во бракот и животот – изјави Стефан Кариќ за „Ало“.
фото: printskrin/instagram/ljubisavljeviceva/YouTube