Мегафон спектаклот доаѓа

Се’ е подготвено за концертот на Милица Павловиќ: Во Скопје пристигнува специјална сценографија (ФОТО)

Се’ е подготвено за концертот на Милица Павловиќ: Во Скопје пристигнува специјална сценографија (ФОТО)

 Регионалната музичка ѕвезда Милица Павловиќ се подготвува да приреди вистински спектакл за публиката во Македонија! Сценската гарнитура штотуку е спакувана и вечерва се упатува кон салата „Јане Сандански“ каде Милица ќе одржи концерт овој петок на 14 февруари, за Св. Трифун и Денот на вљубените.

Милица е позната како вистински професионалец и максимално му се посветува на секој концерт во рамките на турнејата „Лав“. Истото важи и за овој концерт, па публиката во Македонија ќе ужива во одличен музичко-сценски настап.

Покрај тронот на кој се појавува Милица на почетокот на концертот, тука е и цветот месојад кој особено ги воодушеви оние кои досега биле на концертите низ регионот.

 

А Милица целата сценографија ја чува на посебно место, на имотот на нејзината маќеа Перса во Шабац.

„Милица има одлични односи со маќеата, знаете колку пати го има потенцирано тоа, и дека била на концертите во рамки на турнејата Лав. Кога слушнала дека Милица размислува каде да ги складира и зачува сценските елементи од концертите, веднаш и предложила да биде на нејзиниот имот во Шабац. Маќеата на Милица со години живее во Швајцарија и кога е на одмор останува во таа куќа, а Милица често ја посетува. Навистина имаат одличен однос“ – ни изјави еден од пријателите на Милица.

Инаку, пред секој концерт сценографијата ја преземаат сценографи кои го проверуваат секој детал и дополнително го украсуваат со посебен сјај, за се’ да изгледа совршено. Како што дознаваме понатаму, Милица ќе пристигне во Скопје во среда, два дена пред големиот концерт, за да провери дали е се во ред и да одржи неколку проби.

„Милица на сите концерти на оваа турнеја носи своја продукција. Околу 120 луѓе кои работат со Милица ќе пристигнат во Скопје во среда за да се погрижат се да се одвива непречено. Има музичари, тонски инженери, костимографи, фризери, танчери, фотографи, режисер, кореограф…

Камионот со сетот тргна за Македонија, а екипажот во среда ќе пристигне со два големи автобуси“ – додава изворот.

Со оглед на тоа колку вложува во секој сегмент од концертот, не е чудно што концертната турнеја „Лав“ е една од најскапите во регионот. По Скопје, Милица ги продолжува подготовките за концерти во Сараево и Риека.

ФОТО: Приватна архива/Никола Радишиќ/Лука Степановиќ

 

To top