Пејачката Сара Рељиќ (28) раскажа како еднаш доживеала голема непријатност кога на еден настап не забележала дека нејзините гради излегле на мегдан, односно дека „испаднале“ од фустанот со длабоко деколте, а таа занесена во песната, тоа воопшто и не го забележала.
Како што објасни пејачката, еден гостин од публиката се обиде да ѝ довикне дека фустанот ѝ се свлекол надолу и дека интимните делови од нејзиното тело се видливи, но таа не разбрала што се обидуваше да ѝ каже.
„Пеам и лик од публиката покажува кон моите гради. Му велам: „Срам да ти е“, а тој продолжува нешто да ми покажува. јас повторно му викам на микрофон: „Нормален ли си ти, срам да ти е!“ – објаснува Сара и продолжува:
„Тогаш тој приоѓа поблиску до мене и ми вели: „Ти испаднала ци*ката“!
Тој човек всушност сакаше да ми помогне, а јас не го разбрав, па така си пеев половина час со испадната „атракција! Но Боже мој. Фала му на Бога, никој тоа не го снимил и објавил на социјалните мрежи. Не знам како се случи, ама ете половина час си пеев топлес“ – изјави Сара во емисијата „Амиџи шоу“.
Фото: Инстаграм/sara_reljic.1