Радио Милева автомобилот целосно уништен

Сара Рељиќ доживеа сообраќајна несреќа: Пејачката ги откри деталите за несреќата (фото) 

Сара Рељиќ доживеа сообраќајна несреќа: Пејачката ги откри деталите за несреќата (фото) 

Сара Рељиќ доживеа сообраќајна несреќа и како што вели добро е што останала жива.

Таа сега се огласи преку социјалните мрежи откривајќи ја моменталната состојба.

Пејачката и учесничка во реалното шоу Сара Рељиќ доживеала несреќа по враќањето од настап и како што вели во моментов се чувствува добро.

– Имав сообраќајна несреќа, сега се чувствувам добро, но мојот автомобил беше целосно уништен.

Имаше некои работи на патот, не беше осветлен, налетавме на некој метал, добро преживеавме – ризјавила Сара и додала:

– Една недела пред нас таму загинаа некои луѓе, навистина е среќа што останавме живи – изјавила Сара за Телеграф.рс

Рељиќ се огласи и на својот Инстаграм профил и на своите следбеници им објасни како се чувствува по несреќата што ја доживеа и какви повреди има.

– Добро сум, не грижи се. Утре всушност ги правам прегледите, но засега се изгледа во ред. Освен левата рака, секако – напиша таа и додаде:

– Немам среќа со таа лева рака. А колата, добро… време беше да се смени.

Фото: printskrin/instagram/sara_reljic.1

To top