Атрактивната пејачка и екс ријалити учесничка Сара Рељиќ предизвика бурни реакции кај нејзините обожаватели. “Кралицата на бакшишот“ ги изненади сите со провокативното видео кое и го претстави на својата публика.
„Неформално“ е една од песните од првиот албум на Рељиќ. Во верзијата на видеото за оваа песна, музичката ѕвезда изгледа предизвикувачки, а жешките сцени со кои изобилува видеото оставија малкумина рамнодушни.
Сара изгледала совршено на сетот и никој не ни забележува дека ги снимила сцените за ова видео само неколку дена по сообраќајната несреќа која ја доживеа.
Популарната пејачка докажа дека е врвен професионалец, бидејќи не штедеше енергија за време на снимањето, иако во тој момент се уште чувствуваше силни болки поради повредите задобиени во сообраќајката.
Сара изгледа брутално во провокативни и оскудни костими, и затоа не е чудно што видеото брзо предизвика интерес кај обожавателите на пејачката.