Радио Милева среќни моменти

Сара Мејс „жари и пали“ на зимскиот одмор: „Кој вели дека лето е подобро од зима“ (фото)

Сара Мејс „жари и пали“ на зимскиот одмор: „Кој вели дека лето е подобро од зима“ (фото)

Познатата пејачка и харфистка Сара Мејс заедно со сопругот, ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски  оваа година на зимски одмор заминаа по втор пат.

На социјалната мрежа Инстаграм каде што Сара секојдневно е активна сега потврди дека подеднакво го сака зимскиот одмор како и летото.

Па така познатиот пар, откако направија една тура на снег заедно со децата, овој пат заминаа да уживаат сами во зимската идила.

Пејачката веднаш ги наполни кратките Инстаграм приказни со фотографии од убавите моменти, а на нив покажа дека во куферот иако е зима не заборавила да го спакува и  костимот за капење.

Таа го привлече вниманието со нејзините секси објави додека заносно позира во апартманот каде што се сместиле.

Така разоблечена, заедно со сопругот ги испружи голите нозе во луксузниот и топол простор додека надвор непрестано паѓал снег.

– Многу е сомнителен муабетот дека летен одмор е подобар од зимски –  напиша пејачката во описот под жешкото бикини издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сара со споделените фотографии ги воодушеви сите со својот прекрасен изглед, а доби и голем број допаѓања од следбениците.

фото: printscreen/instagram/sarahmace__

To top