Филери, боктокс, хијалурон… Богата е понудата од салоните за убавина и центрите за дерматолошка и естетка корекција кои што се’ не имаат да понудат на клиентелата кога е разубавувањето во прашање.
Голем број, особено припадничките нa понежниот пол не остануваат имуни и не се следбеници на природното, туку напровив сакаат да пробаат нови текники за разубавување и коигирање на она од кое не се задоволни.
Пејачката и харфистка Сара Мејс се стави во редот на оние кои сакаат промени, но во случајов кај неа, одлуката падна на една сосема мала естетска промена, но доста видлива.
Сара се одлучи да направи ламинација на веѓи која периодов е „ин“.
Поволуменозни и истакнати веѓи кои треба да личат на природни и да траат неколку месеци.
Пред и потоа моментот Сара го сподели на своите „стори“ на Инстаграм, а дека беше и повеќе од задоволна стана јасно штом реши да се пофали непосредно по постапката.
Разликата очигледна, а веѓите густи и наместени така што таа нема да мора секое утро да ги средува пред огледало, туку ќе си заштеди на време.
Инаку, ламинација и микроблендинг се едни од најактуелните корекции на веѓи, па ако некогаш редовно се правеше депилација за обликување и потенки веѓи, ова денес е апсолутна спротивност.
Се’ за пуста мода, нели?
фото:Instagram printscreen/sarahmace__