Водителот и актер Милан Калиниќ се разведува од сопругата Сандра Калиниќ со која беше во брак 18 години.
Тимот на Информер.рс стапил во контакт со Милан, кој на прашањето за разводот кратко одговорил: „Немам коментар, немам коментар“.
Неговата сега поранешна сопруга Сандра воопшто не се огласила за медиумите, а нејзината последна објава на Инстаграм изненади многумина, па ја протолкуваа дека е токму за она што и се случува периодов на приватен план.
На фотографијата можете да ја видите како позира во автомобил, а како музика за приказната ја избрала песната „Михољско лето ’95“ од Ѓорѓе Балашевиќ, која многумина ја сфатија како суптилна порака поврзана со разводот.
Дел од песната е вака:
„Тајните се таму за некој да може да ги насети,
Има збор што има вредност, само кога ќе се премолчи.
Бог разлеа чај, насекаде прсна сјај“.
фото:Instagram printscreen/ kalinasandra