Радио Милева „назад во игра“

Сања на Перо Антиќ се враќа на стара рутина: „По расклимано здравје и операција, се зареков дека почнувам од денес“ (фото)

Сања на Перо Антиќ се враќа на стара рутина: „По расклимано здравје и операција, се зареков дека почнувам од денес“ (фото)

Маркетинг експертката Сања Ристиќ или на Инстаграм попозната како Сањалала, а во јавноста и како девојката на Перо Антиќ, преку социјалните мрежи откри дека изминатиот период не и бил лесен од здравствени причини.

Сања со фотографија од теретана откри дека најпосле се активира со својата поранешна фитнес рутина и здрави навики по подолга пауза.

-После 6 месеци пауза, расклимано здравје, операција и не баш одбрана исхрана, се зареков дека почнувам од ДЕНЕС! Нека стои постов да ме потсети да не забушавам, која сум вистинската јас, што најмногу ме исполнува и храни и психички и физички. Почнува сезона на вежбање, антицелулитни масажи, креми и малку повеќе внимание на исхрана! Let’s do this друштво! П.С. пишете некој добар предлог за антицелулитни масажи од каде сте задоволни.Фалааааа – пишува Сања во описот на фотографијата која како што вели ја ставила да биде нејзин потсетник.

Дека навистина она што си го вети себеси го сфати здраво за готово, покажа и од најновите „стори“ . Нога во вис, вежби веќе одредени за тековниот ден, за секоја следна објава служи како мотивација за она што си го зададе како задача и тоа јавно.

Инаку, Сања и Перо Антиќ открија дека се во врска пред една година, а оттогаш постојано покажуваат дека љубовта им цвета.

фото:instagram printscreen/sanjalala

To top