Сања Кужет (40) пред неколку месеци ја напушти емисијата што ја водеше со години, а причина за тоа беше бременоста.
Водителката Сања Кужет се породила на 2 јули, во утринските часови во строга тајност во Белград, како што пишува Ало.
ТВ-лицето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“роди здраво момче.
Парот се уште не се одлучил за име, но една од можностите е Вук.
View this post on Instagram
Парот планира да организира прослава по повод раѓањето на наследникот, а ќе ги собере само најблиските роднини и пријатели.
Сања и Немања одамна одлучија да го одвојат приватното од бизнисот, а Немања ретко се појавува на јавни настани со водителката.
фото: printskrin/instagram