Фолк пејачката Сања Цинцева, попозната како Сања – Барбика, замина на одмор во Грција, а преку социјалната мрежа каде што е активна веднаш го сподели со своите следбеници раскошот во кој ужива.
Македонската фолкeрка Сања Барби ништо не може да ја спречи да го живее животот, онака како што таа наумила, па на летниот одмор целосно се опуштила.
Да ужива, а да не се пофали е исто како да нигде не била, па затоа таа веднаш започна да „бомбардира“ со видеа и фотографии од сите моменти кои ги уловила со камерата.
Така, само што пристигнала на оваа позната дестинација, Барби веднаш споделила неколку фотографии од нејзината летна релаксација.
View this post on Instagram
Местото каде што фолкерката најмногу ги минува топлите денови очигледно е во вода, па фотографиите не изостануваат од таму, особено оние од плиткото…
На нив во преден план се нејзините бујни облини со кои таа вешто ја покажува раскошната телесна дарба со која природата на надарила.
Сања дефинитивно има со што да се пофали и однапред и одзади, но бујната предница очигледно ја смета за свој најсилен адут. Не случајно кога Сања пешачи, нејзините бујни гради пред неа „одат два чекори“!
View this post on Instagram
Летните фотографии и видеа само што осамнаа на нејзините профили на социјалните мрежи, следбениците веднаш започнаа да ставаат допаѓања и се разбира да ги коментираат. Пејачката “распали“ со жешки кадри од одморот во Грција, па ја „запали“ машката фантазија… до ниво на „пожар во панталони“!
фото: print Screen/ Instagram/sanjacincevaa