Нина Бадриќ иако гази по зрели години, според мислењето на многумина, никогаш не изгледала подобро. Неодамна на настап се појави во проѕирен комбинезон, а обожавателите на социјалните мрежи ја споредија со познатата Џенифер Лопез.
Таа изненади многумина кога целосно ја скрати својата долга бујна коса.
Нина сега во „Премиер викенд специјал“ откри како дошло до големата промена и која е причината за нејзиниот сјај.
– Сега имам најмногу самодоверба, која никогаш порано не сум ја имала. Кога животот ќе ти удри шлаканица и имаш многу рани, сфаќаш дека се е безвредно. Некои други животни вредности стануваат важни. Самодовербата доаѓа со годините… Кога си млад ништо не ти одговара, а подоцна сфаќаш дека се било прекрасно – рекла Нина.
– Во мене имаше желба за драстична промена. Кратката коса беше мој заштитен знак на почетокот на кариерата, па сакав да ја вратам. Еве, враќање на корените – се насмевна пејачката.
фото: printskrin/instagram/badrich