Радио Милева тој не крие ништо

Сака мажи, а има три деца: Еве која е жената што му роди наследници – „Се’ им кажав за себе“ (фото)

Сака мажи, а има три деца: Еве која е жената што му роди наследници – „Се’ им кажав за себе“ (фото)

Васил Тројанов Бојанов, попознат како бугарскиот пејач Азис, во текот на неговата музичка кариера ги воодушевуваше луѓето со своите потези. Кога се појави на сцената се облекуваше како жена, се шминкаше, ја фарбаше косата и носеше штикли, но и покрај таквото шокантно однесување, никој не можеше да го негира неговиот талент за пеење.

Тој брзо стана еден од најпопуларните изведувачи низ целиот регион и до ден денес продолжува да објавува хит по хит. Отсекогаш отворено зборувал за својот живот, не криејќи ја својата сексуална ориентација и дека има деца со својата најдобара пријателка.

Имено, Азис во еден момент направи голем пресврт во кариерата, ја симна маската на жена и ја покажа својата вистинска личност. Редовно оди во теретана, има безброј тетоважи на телото, а неговата црна коса и брада го дополнуваат неговиот изглед. Но, таа љубов кратко траеше, а набрзо по разводот славниот пејач со пријателката  ја доби ќерката Раџа.

– Прво ме праша зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа и објаснив дека ја сакам, но на поинаков начин. Многу зборував со ќерка ми додека растеше. Тоа беа многу емотивни разговори, ѝ објаснив дека јас имам свој живот, а нејзината мајка има свој. Морав да и објаснам дека сакам мажи, но и дека нејзината мајка е мојата најдобра пријателка. И кажав сè за себе, за да не слушне ништо од другите. Треба да имате отворен однос со вашето дете. Детето прво треба да научи се’ од своите родители – изјави Азис.

фото:Instagram printscreen/azis_online_new

To top