Радио Милева неочекуваните пречки

„Сè живо ме снајде“: Марија Микиќ за здравствените проблеми и тешките животни предизвици

„Сè живо ме снајде“: Марија Микиќ за здравствените проблеми и тешките животни предизвици

Пејачката Марија Микиќ отворено проговори за осудите со кои се соочувала, здравствените проблеми, како и за двете последователни бремености.

Враќањето на сцената ѝ донело нови предизвици, вклучувајќи го медиумскиот притисок и непроверените приказни, со кои на почетокот тешко се справувала.

Сепак, вистинските животни пресврти следувале со основањето на семејството и неочекуваните пречки.

– Осудите во медиумите и измислиците многу тешко ги поднесував сè додека не почнав сериозно да работам на себе. Сега сфаќам дека само јас ја знам својата вистина и веќе немам потреба да се оправдувам. Една бременост, па веднаш потоа и друга, а потоа и здравствените проблеми ме забавија, но ме научија на вистинските вредности и ме „натераа“ да пораснам преку ноќ – објасни Марија за српскиот медиум „Ало“.

Сепак, и покрај секојдневните моменти на безнадежност со кои се соочува, откажувањето никогаш не било опција за неа.
– Инатот никогаш не ми дозволи да се откажам. Здравјето ми е најважно, а можеби уште поважно од тоа е кога ќе легнеш да спиеш, мирно да заспиеш, со чиста совест и мирна душа.

foto: printscreen/instgaram/wwwmarijamikiccom

To top