Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер го добија своето трето дете – девојче, на кое ѝ дадоа необично име.
Популарната пејачка, која веќе има два сина,, сега стана мајка на девојче за прв пат. Таа откри дека се породила на 13 септември и дека девојчето се вика Роки Ајриш Мејерс – име што го избрала во чест на таткото на Ријана.

На првата фотографија со наследничката, Ријана блескаше во гламурозна облека, додека малата Роки изгледаше преслатко во розова комбинација со чипкани чорапи.

Инаку, Ријана и Асап Роки беа пријатели повеќе од една деценија, пред да стапат во врска во 2020 година, по нејзиното раскинување со Хасан Џамил.
Foto: printscreen/badgalriri







