Мегафон регоналнен музички фестивал

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ распишува КОНКУРС

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ распишува КОНКУРС

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“  распишува  КОНКУРС за најдобра композиција во категоријата поп, забавна и медитеранска музика.

Композициите испратени на конкурсот не смеат да се претходно изведени или објавени. Краен рок за пријавување на композициите е  05.05.2024 година.

Изборната комисија на фестивалот, сите апликанти ќе ги извести дали нивната композиција е прифатена најдоцна до 15 мај 2024 година.  Апликантите се должни да ги испратат готовите композиции до организаторот до 01.06.2024 година.

Пост продукција на сите пристигнати композиции (снимање на изведби и подготовка на материјал за последователни емитувања или користење за какви било договорени цели) го реализира организаторот на фестивалот кој на апликантите на избраните композиции им гарантира учество на вечерта на фестивалот, со директен ТВ пренос и презентација на прес-конференцијата на фестивалот.

Со испраќање композиции на конкурсот, авторите и изведувачите до организаторите на фестивалот „БИСЕР ЈАДРАНА 2024“, го пренесуваат правото за доделување на своите композиции на трети лица на користење без дополнителна согласност, на печатење на носачи на звук и слика, или за кој било вид на понатамошна дистрибуција.

За најдобрите композиции, организаторот ќе обезбеди вредни награди и фестивалски признанија, од вкупен  износ од 10.000 €. Право на учество на конкурсот имаат апликантите од Црна Гора и земјите од регионот.

Композициите испраќајте ги на оваа e-mail адреса:

[email protected] во mp3 формат, во демо верзија. Со композицијата потребно е да се прикачат биографија и две фотографии од изведувачот, името на авторот на композицијата и телефонските броеви за контакт.

Фестивалот ќе се одржи на 29 јуни 2024 годинаво Тиват, градскиот брег Пине.

To top